народот кој одби да учествува на изборите јасно покажа дека не се согласува со борг политиката на владејачите елити - СИТЕ ВО НАТО, СИТЕ ВО ЕУ. ОТПОРОТ Е БЕСМИСЛЕН!
(Нетпрес) 24 март 2009 - На овие избори е јасно дека победи ПРО НАТО и ПРО ЕУ опцијата со 550 илјади гласа наспроти владата и нивниот кандидат кој веќе не зборуваат за јасна НАТО агенда , ниту за датум за преговори за ЕУ, туку зборуваат единствено за општи фрази за европски вредности и европска перспектива, за добри луѓе, добри мисли, добри дела. Ако добро мислите парите ќе ви се вратат“, изјави претседателскиот кандидат Љубомир Фрчковски.Еве уште еден начин на кој се прави манипулација со јавното мислење. Прво, тоа што 550 илјади од оние кои излегоа да гласаат не го поддржаа Иванов не значи дека гласале против НАТО и ЕУ. И Иванов, барем декларативно, се застапува за влез во НАТО и ЕУ. Значи, и Иванов, и Фрчко, и останатите кандидати - сите се во истиот кош: сите се поддржувачи на влезот на Македонија во НАТО и ЕУ.
Е сега, каде е манипулацијата? Прво, кога се расфрла Фрчко со бројки и комбинаторики, тоа го прави дилетантски, без притоа да земе предвид дека бројките добиваат вистинска смисла само ако не се вадат од контекст, односно, ако се размислува во проценти. Значи, збирот на гласовите на целата оваа багра од кандидати и политички партии што стојат зад нив, изнесува одвај нешто повеќе од 50 отсто од гласачкото тело во Македонија.
(Нетпрес) 22 март 2009 - Според најновите информации на Државната изборна комисија до 17 часот процентот на излезност изнесува 48, 73 отсто.Второ, овој процент се постигна одвај, после оглувувачка и безобразно скапа кампања на повеќето партии, после не знам колку повици за да се излезе да се гласа. Покрај нашите политичари во тие повици се приклучија и нашите ментори од странските амбасади Рикер, Фуере, Валеро и останатиот дипломатски џган. И секако кумот, кој не заборави дека успехот на овие избори е прашање да се биде или не:
(Нетпрес) 19 март 2009 - Во недела искористете го вашето уставно право и гласајте за кандидатите по сопствен избор. Придонесете со своето однесување за создавање на мирна и демократска атмосфера каква што му доликува на овој народ и на оваа држава, апелира претсеадателот.Значи, прднаа во тиква од мака да го натераат народот да излезе на избори, и пак не можеа да соберат повеќе од 60 отсто. Да не зборувам за разните притисоци што се прават по државни и приватни фирми за да се гласа за овој или за оној.
И на крај, која порака ја прати народот? Не, драг мој Фрки, не е пораката дека народот јасно ја поддржа про НАТО и про ЕУ опцијата - напротив. Ако одиме по твојата логика, ќе треба да заклучиме дека народот кој одби да учествува на изборите јасно покажа дека не се согласува со борг политиката на владејачите елити - СИТЕ ВО НАТО, СИТЕ ВО ЕУ. ОТПОРОТ Е БЕСМИСЛЕН!


